Политика за безбедност и услови за користење
Со самиот пристап на www.gotvac. mk и при нарачка на производот, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. ИДЕНТИТИ ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДОТ
Цените на сите производи на веб страницата www.gotvac .mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. ИДЕНТИТИ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
РОК НА ИСПОРАКА
ИДЕНТИТИ се обврзува да го достави производот на територија на Република Македонија не подоцна од 7 дена од нарачката на истиот, додека вон границите на Република Македонија, испораката ќе биде доставена не подоцна од 14 дена од нарачката. Во нормални услови, доколку нарачаниот производ не се достави во предвидениот рок, купувачот не е должен да ја плати нарачката, односно веќе платениот износ ќе му биде рефундиран во разумен рок, а производите ќе бидат повлечени (вратени) при самата достава или со закажување на термин за превземање (враќање) на производот. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производот е оштетен, односно не е во првобитната форма.
Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се ненормални. Под ненормални услови за достава се подразбира:
За проценка на нормалноста на условите одлучува ИДЕНТИТИ ДООЕЛ Скопје.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Во случај кога потрошувачот купил производ со недостаток, ИДЕНТИТИ ДООЕЛ Скопје се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.
За сите останати производи купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ИДЕНТИТИ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ИДЕНТИТИ не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ИДЕНТИТИ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ИДЕНТИТИ користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www. gotvac .mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. ИДЕНТИТИ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
ОПШТО
ИДЕНТИТИ ДООЕЛ Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www. gotvac.mk се од информативен карактер.
Политика за безбедност и услови за користење
Copyright © 2023 Адријана Алачки | Готвач