Од моето срце
за Вашата трпезa

ПОВЕЌЕ ОД
300 РЕЦЕПТИ

ТРАДИЦИОНАЛНИ РЕЦЕПТИ
СОЧУВАНИ СО ВЕКОВИ

ОД СИТЕ
КРАИШТА НА МАКЕДОНИЈА

Од моето срце
за Вашата трпеза

Пишувајќи го готвачот, често се потсетував на моето детство, кога од сон ме будеше пракрасната миризба на штотуку испечени кифли што ги приготвила мајка ми. Сè уште ја паметам таа миризба, која во мене ја будеше топлината, среќата гладот во мене, кога мајка ми беше дома, и водена од својата мајчинска љубов се трудеше да ни угоди.

Секоја храна, подготвена со многу љубов е највкусната храна. Со тоа го продолжувате патот на нашата традиција од памтивек. Македонската храна има традиција, вечност и вредност на искона, и затоа нималку не е лесно да се бранат вредноста и моќта на македонската храна.

Оваа книга-готвач нека остане аманет за идните генерации, да ја запаметат македонската кујна, како дел од нашето културно и историско наследство.

Направен со Љубов,
Произведен во Македонија.

Македонската кујна е чудотворна, наслада за очите и за душата. Симбол на заедништво со ближните и здравје за Вашата чинија!

Вкусот на традицијата на 401 страница, поделен во неколку категории препознатливи за македонската традиционална кујна. Од сите краишта на Македонија, внимателно одбрани визуелизирани рецепти од нашите мајки, баби и прабаби.

РЕЦЕНЗИИ

Сметам дека трудот со наслов "Македонски традиционален готвач" од авторката Адријана Алачки е книга која можат да ја користат стручните крутови од областа на гастрономијата и ресторанското работење. Исто така, можат да ја користат љубителите на готварството и на послужувањето, како и приготвувачките на домашна исхрана.

Проф. д-р Васко Цуцулески

Очигледна е чудесната посветеност на нашата Адријана Алачки да се упати кон откривање на нашето раскошно готварско чудо. Пред читателот се повеќе од 200 фотографии, богата палета на автентични самородени рецепти, каде што од составот на елементите ќе го почувствувате споеноиот, незаменлив вкус на нашето поднебје, и кои што укажуваат на нивната моќ да не освојат со првиот залак

Светлана Христова - Јоциќ

Добивајте ги први сите новитети

3000
денари

  • Повеќе од 200 внимателни одбрани рецепти
  • Од сите краишта на Македонија
  • Рецепти подготвени од плодната македонска почва
  • Достапни брзо и лесно до Вашиот дом